Родителите на девојчето Џена Гаџун од Какањ, Мурис и Амила, вчера го добиле отпусното писмо од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС). Тие претходно најавија тужба против одговорните за лекувањето и смртта на девојчето која го потресе цел регион. Нив во оваа борба ќе ги застапува адвокатот Алмин Даутбеговиќ и неговиот тим.

Почитувајќи ја новинарската и медицинската етика, „Дневни аваз“ издвои делови од писмото и неколку важни факти.

Во отпусниот допис е наведено дека девојчето било донесено во КЦУС на 8-ми ноември во 13 часот и 50 минути, а пред тоа била повикана брза помош и дека „девојчето било придружувано од лекар од брза помош, анестезиолог и офталмолог кои ја извршиле операцијата во приватна здравствена установа…“

Во писмото, меѓу другото, се наведува дека девојчето е донесено без „свест, интубирана“.

Обидот на лекарот да го спаси девојчето во КЦУС потоа бил дополнително опишан. За жал, обидо за спас на малата Џена бил безуспешен. Таа била поврзана и на механичка вентилација.

Меѓутоа, на 14 ноември состојбата на малата Џена се влошила во четири часот наутро. Лекарите ја зголемиле и респираторната поддршка. Иако била направена реанимација, малата Џена почина во шест часот наутро.

Борбата за спас на нејзиниот живот траела два часа.