Момче (3) од околината на Смедерево, вчера вечер загина во страшна сообраќајна несреќа кога товарен воз налетал на патнички автомобил во кој детето било со неговиот дедо З.А.(50).

Таткото на малото дете, скршен од болка се прости од своето чедо со тажна порака на социјалната мрежа Инстаграм. Заедно со заедничката фотографија на која малото детенце е насмеано напиша:

– Нека ти е лесна земјата, синко! Ангелите нека те чуваат кога јас веќе не можам.

Како што дознава српски Курир, момчето за жал починало на лице место, додека тешко е повреден З.А., дедото на момчето.

– Голема трагедија! Кутро семејство, остана без детето. Кој можеше да претпостави дека ќе се случи вакво нешто – велат жителите на селото кај Смедерево.

Според нив, родителите на детето се разведени.

– Момчето било со татко му, а дедо му го враќал дома во соседното село, каде живее со мајка му. Никогаш немало никакви проблеми, а за момчето секогаш се грижел дедото. Само тие знаат што се случи таа вечер – велат и продолжуваат:

– Детето починало на лице место, иако се обиделе да го оживеат. Дедото има пукнат црн дроб и прашање е дали ќе преживее.

Да потсетиме, страшната сообраќајна несреќа се случи во вторникот вечерта, а несреќата се случила на патен премин обезбеден со вертикална патна сигнализација. На местото на настанот излегле припадници на МВР и мешовитата железничка комисија за истрага на вонредни настани, која ќе ги утврдува деталите за несреќата.