Најмалку 10 деца се меѓу 19-те загинати во саботата кога преполн автобус се преврте на мост во град северно од главниот град на Никарагва, Манагва, објавија светските агенции повикувајчи с ена официјална објава од владина веб-страница во оваа земја.
Десетте деца кои загинаа во несреќата се на возраст меѓу четири и 16 години, објави официјалната веб-страница el19digital.com, цитирајќи претставници на Министерството за здравство. Се додава дека во несреќата се повредени околу 40 патници,.
Властите на државниот Канал 4 изјавија дека околу 70 луѓе биле во преполниот автобус кога се случила несреќата. Несреќата се случила во Ранчо Гранде, очигледно кога возачот на автобусот изгубил контрола на мостот и возилото се превртело.
„Длабоко сме трогнати од оваа несреќа“, рече потпретседателката Росарио Муриљо.
Властите рекоа дека автобусот се движел со поголема брзина, а полицијата го уапсила возачот додека тој се обидел да побегне од местото на настанот. Девет од жртвите досега се идентификувани, рече Муриљо, без да ги наведе нивните имиња.
Сликите во локалниот печат го покажаа жолтиот автобус закован од металната ограда на мостот, додека неколку очигледни жртви лежеа на патот во близина.