Фејсбук страницата на здравствената организација Juniper Homecare објави дека нивниот долгогодишен член Нихад Ибрахимовиќ спасил мајка и две деца од превртен автомобил.

„Нашиот херој! Рано утринава, додека бил на рута за испорака на улицата South Whitney во Хартфорд, Нихад Ибрахимовиќ, менаџер на Џунипер повеќе од 17 години, забележал нешто во далечината. Кога се приближил, видел дека автомобил се превртел во средината на патот. Кога го видел автомобилот како испушта чад, знаел дека нема многу време и скокнал во акција, напишале тие во објавата.

Нихад, кога се приближил до автомобилот, видел мајка и две деца заробени внатре. Го скршил прозорецот од автомобилот и сите ги извлекол на безбедно.

„Ова е неверојатно несебичен и херојски напор. Благословени сме што имаме таков херој во нашиот тим Juniper, заклучија тие во објавата.

📸

📸

📸