Извршната директорка и потпретседателка на Loko-Bank, Кристина Бајкова (28), почина откако наводно паднала од прозорецот на стан на булеварот „Ходински“ во центарот на Москва.
Несреќата се случила на 23 јуни, но руските медиуми само што ја објавија оваа информација. Бајкова била со пријател во нејзиниот стан во Москва кога паднала низ прозорецот. На местото на настанот била констатирана смрт.
Бајкова била во својот стан на единаесетти кат со својот пријател, 34-годишниот Андреј. Тој рекол дека Кристина го повикала на пијачка пред да падне низ прозорецот.
Ова е само една од низата мистериозни смртни случаи што се случија во Русија од почетокот на агресијата против Украина.
Минатата година нафтениот магнат Равил Маганов почина откако „падна од болнички прозорец“. 64-годишниот Маганов беше претседател на управниот одбор на рускиот нафтен гигант Лукоил, компанија која отворено ја критикуваше инвазијата на Путин на Украина.
Тој почина откако падна од прозорецот на шестиот кат на Централната клиничка болница во Москва во септември 2022 година.