Една жена e тешко повредена откако била повлечена од подвижна лента на аеродромот во Бангкок. Патничката (57) тргнала околу 08:30 часот на лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до провинцијата Након Си Тамарат во Тајланд. Во шокантна несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и стапалото и било зафатено во механизмот на подвижната лента, по што и биле скинати мускулите, тетивата и коската.

Ужаснетите минувачи се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да ги кине мускулите, тетивата и коските на екстремитетите. Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти. Потоа била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата рече дека првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат да и ја спасат ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење. Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“.

На куферот што лежеше во нејзина близина недостасуваа две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента.

Во меѓувреме, таа автоматска патека е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.