СИТЕ МНОГУ добро знаеме колку бебињата понекогаш знаат да бидат снаодливи и вешти, а следното видео уште еднаш не убеди токму во тоа. Имено, едно бебе е „фатено“ на камера како бега од креветчето и тоа на навистина имагинативен начин.

Во видеото на Фејсбук кое брзо стана вирално, можеме да видиме момче кое се обидува да излезе од креветчето. Но, тој наидува на проблем бидејќи креветчето му е сè уште малку превисоко за да може само да падне на подот. Затоа малото момче дошло до подобра идеја и се туркало малку по малку до креветот на неговите родители.

Откако успеал да го доближи креветчето до креветот, тој само ја прескокнал оградата и притоа го грабнал своето плишано животно. За работата да биде уште подобра, момчето успеало да го врати креветчето на своето место, односно до ѕидот каде што било на самиот почеток, за да не дознаат неговите родители како успеало да побегне.