Едногодишното бебе лазело само покрај патот кога било забележано од камионџија кој повикал полиција. Наскоро ќе стане јасен комплексниот сплет на околности што доведоа до тоа едногодишното дете да заврши само надвор без никого.
Шериф од Луизијана изјавил дека едногодишното девојче е „чудо од бебе“, бидејќи успеало да преживее самo во природата два дена и покрај тоа што билo самo и имало бура во тие денови. Шерифот Гери Гилори рече дека бебето било покриено со каснувања од инсекти, но инаку е во добра состојба.
Пред да биде пронајдено бебето, нејзиниот четиригодишен брат бил пронајден без знаци на живот. На конференција одржана од полицијата во езерото Чарлс, во близина на Њу Орлеанс, беше кажано дека телото на момчето било пронајдено во езеро во близина на границата со Тексас.
По трагата на тоа злосторство, полицајците откриле дека момчето последен пат е видено со мајка му Алаја Џек (25). Полицајците од страв дека бебето го снашло истата судбина почнале да бараат кога за среќа биле повикани од камионџијата кој имал добра вест.
“За нас ова бебе е чудо, неверојатно е што тоа е се уште живо. Замислете, почнавме да го бараме среде ураганот Берил, низ огромен дожд и ветер. Сето тоа го поминал сам покрај автопатот, фала му на Бога што тој со камионџија го видел“, рече Гилори, пренесува АП.
Потрагата по мајката
Во понеделникот вечерта на сите полицајци им е издадена општа тревога и е започната потрага по мајката откако судијата издаде налог за нејзино апсење. Таа е пронајдена и уапсена во Меридијан, Мисисипи, на 563 километри оддалеченост од местото каде што биле пронајдени нејзините деца.
„Таа е лоцирана и приведена. Во меѓувреме е пронајдено бебето, во ендек покрај пат. Се чека обвинение дека не го пријавила исчезнувањето на детето. Судијата и одредил кауција од 300.000 долари. Засега нема други пријави“, соопштија од полицијата.