Автобус со околу 50 украински државјани излетал од патот во Италија, при што едно лице загинало, а неколку се повредени, соопшти денеска противпожарната служба, пренесува Танјуг.

Според Ројтерс, несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Чезена и Римини, на североисточниот брег. Противпожарната служба објави слики на Твитер на кои се гледа како автобусот се превртува. Службата додава дека спасувачките операции се уште се во тек.