Зоолошката градина во Скопје на својот Фејсбук профил се пофали со принова, односно новото бебе од видот хималајски тар.

„Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка , но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО“, пишуваат од зоолошката.

Инаку, претходно тие објавија дека има принова и кај камилите, лемури, ламите и лавовите.