На 3-ти јуни (сабота) сите што ќе дојдат на настапот на најпознатиот македонски трибјут бенд ќе имаат можност да потонат во носталгијата на времето и да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните „Бијело Дугме“!

„Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во прекрасниот Aqua Bella Resort во Штип и ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови.

„Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме. Чујте ги класиките како “Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац”, “На задњем седишту мога аута”, “Селма”, “Липе цвату” “Ѓурѓевдан” и многу други“ – порачуваат од бендот кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува… За нивното „лице да звучи познато“ на сцената.

Исклучителна прилика да го славите наследството на еден од најголемите бендови во историјата на балканската музика и убавите времиња. Резервирајте си билет веднаш и осигурајте си место на ова неверојатно музичко доживување.