„Не напушти најдобриот човек кој одеше по оваа земја“. Со овие зборови жителите на Лозница се простија од младиот професор Александар Трифуновиќ (39), кој ненадејно почина. Последна почит дојдоа да му оддадат километарски колони од неговите ученици и многу генерации кои тој ги испрати во животот. Мештаните со болка во срцето велат дека не паметат ваква поворка долга најмалку два километри.

Соседите, пријателите и родителите на децата што ги подучуваше со неверување изразија најдлабоко жалење за Аце, како што со милост го нарекуваа. Александар предавал во гимназијата во Лозница, а живеел во селото Лешница.

Децата неизмерно го сакаа, а веста за неговата ненадејна смрт фрли тага над Лозница.

Сограѓаните посочуваат дека досега не слушнале толку убави зборови за некој колку за Александар од луѓе кои го познавале.

Многу родители на деца чиј класен раководител беше, со болка и тага се простија од него.

– Сочувство до семејството. Беше задоволство да те познавам. Ти беше најдобриот класен раководител за нашите деца, пишуваат родителите.