Неодамна на својот Твитер профил, Тим Спектор, британски епидемиолог и доктор по генетика објави слика која беше многу корисна за многу луѓе ширум светот. Оние кои го прележале вирусот, а поминале асимптоматски, најверојатно не знаат ни дека биле заразени.

Д-р Спектор во описот над сликата напиша: ,,Дали вашите нокти изгледаат невообичаено? Оние кои го прележале вирусот, имаат трага на ноктите, а тоа значи дека ноктите се опоравуваат од инфекција. Се појавува јасна линија, која може, но и не мора да има осип по кожата, но најчесто оваа состојба e безопас-на.”

Луѓето кои имаат јасна, хоризонтална и малку вдлабната линија по должината на ноктите, најверојатно го прележале вирусот, вели Спектор, кој ја предводи групата на истражувачи од Кингс колеџот во Лондон, кои усовршиле апликација во следење на невообичаени и ретки симптоми на вирусот.

Како сликовен пример, докторот исто така објави фотографија на женски нокти со исклучително видлива слика на нив. Секој кој го прележал вирусот ќе забележи невообичаени симтоми на ноктите, косата.. Таквите линии на ноктите се нарекуваат Beau’s lines и се развиваат во периодот кога телото се опоравува од инфекција.