Новинарот на Радио Слободна Европа, Мустафа Каземи на Твитер објави дека е безнадежно заглавен во Кабул со сопругата и детето.

Како што наведе, стотици новинари се во иста ситуација како него.

– Како и јас, тука се заглавени стотици други новинари. Имам ќерка 11 месеци. Ве молам да се молитее за нејзината безбедност – напиша тој.

Додека Талибанците слават во центарот на Кабул и се фотографираат во канцеларијата на избеганиот претседател Гани, евакуацијата продолжува на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, се разбира со многу контрадикторни информации.

И покрај се, и Европејците и Авганистанците кои соработуваа со НАТО и американската армија се обидуваат да ја спасат својата кожа, бидејќи се плашат од одмазда на Талибанците, кои влегоа во Кабул без да испукаат куршум.

Има спорадични престрелки и гранатирања, но евакуацијата продолжува и покрај тоа.