Родителите на момчето кое почина во болницата Пула во средата се во притвор, а денеска во текот на денот ќе бидат изведени пред државно обвинителство на распит, јавува хрватскиот портал Index.hr.

Како што е потврдено за Index.hr, починатото момче имало само 15 години. Неофицијално е познато дека тој ослабнал многу физички, посебно во последните три месеци, но неговите родители, без оглед на тоа, не го однеле на лекар додека состојбата значително не се влошила.

Починатиот ученик бил прва година средно образование е во гимназијата во Пула.

„Занемарувањето и негрижата предизвикаа смрт на детето“

Да потсетиме, полицијата денеска објави дека спроведе кривична истрага и утврди сомневање дека 45-годишна хрватска државјанка и 42-годишен хрватски државјанин извршиле кривично дело, повреда на правата на децата.

На 29-ти септември, полицијата добила пријава од болницата во Пула дека попладне починало дете.

За време на истрагите, полициските службеници утврдиле дека родителите на момчето, грубо ги прекршиле правата на детето со негово занемарување и занемарување на неговото здравје, што предизвикало смрт на детето, известува полицијата од Истра.

Три месеци не го однеле на лекар

Имено, во изминатите три месеци здравствената состојба на детето се влошила, но осомничените не го однеле на лекар.

Здравствената состојба на детето значително се влошила на 27-ми септември, но осомничените не побарале итна медицинска помош до 29 септември, кога детето било транспортирано во болницата во Пула, каде што, за жал, почина.

Осомничените се изведени кај надзорникот за притвор на полициската управа во Истра, откако попладнево заврши кривичната истрага.

Родители биле дел од секта?

„Јутарњи лист“ пишува дека неофицијално дознале дека родителите на детето не покажувале никаков интерес за она што му случува, туку само се молеле над него, како и дека се дел од сектата Хари Кришна.

Тие исто така пишуваат дека ова не е прва смрт на дете во ова семејство. Пред две години, едно од нивните деца се удави во областа Крижевци-Копривничка област, кога се работело за несреќен случај. Поради тоа, Центарот за социјална заштита на сега притворените родители им одзеде три малолетни деца кои сега се на привремена нега.

„Гласот на Истра“ пишува дека уапсените сопружници и родители имале пет деца и дека се преселиле во Истра од северна Хрватска.