Вчера на Градската плажа во Саранда, во Албанија, се случи инцидент. На плажата е извадена давеничка во бесознание на возраст од 15 години.
Девојчето било извадено на плажата без знаци на живот и помодрено.
На нејзина среќа, на плажата летувал нашиот болничар Јовица Ѓоргиев од Брзата помош.
Докторот по инцидентот се огласи на својот ФБ профил. Тој пишува дека според обуките на докторите во Брзата помош, тој извршил итна реанимација која била успешна, па девојчето се освестило.
Потоа било преземено од медицинската екипа на Брзата помош во Саранда и е надвор од животна опасност