Дваесет и осумгодишник се удави во Мостарското езеро. Неговото тело се уште го бараат службите за спасување, објави босанскиот портал Klix.

Портпаролот на полицијата, Људевит Мариќ изјави дека станува збор за човек од Мостар, роден 1993 година кој се удавил синоќа.

-Неговите другари, кои беа со него на сплавот вчера во 19.30 часот пријавија дека момчето скокнало во езерото и не се појавило, рече Мариќ.

Полициски службеници извршиле претрес на брегот на езерото, информирана е Службата за спасување и утрово, веднаш штом ќе се дозволат временските услови, потрагата ќе продолжи.

За случајот е известено и надлежното обвинителство, пишува Klix.