Ѓорѓе Давид пристигна во Србија, дознава Телеграф. Популарниот рокер пред повеќе од една недела учествуваше сообраќајна несреќа во Македонија кога со својот автомобил удри во жена која се движела по автопат, која потоа почина.
Според достапните информации, до несреќата дошло по судирот на два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. По тој судир следел уште еден кога автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички налетал на жена која излегла од едно од возилата. Од ударот, за жал, жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала.
Во оваа прилика телеграф.рс го контактираше Ѓорѓе, кој потврди дека пристигнал во Белград.
– Вистина е дека сум тука. Но, не би рекол ништо повеќе, утре е конференцијата – рече тој.
Српски Блиц дознава дека Давид дома се сретнал со својот адвокат, по што го напуштил станот, го фрлил ѓубрето, а потоа со такси се упатил кон градот, од каде може да се заклучи дека рокерот повеќе не вози автомобил по сообраќајната несреќа.