„Како да се протега по целата нога… Ова е лудо!“ – Ким Кардашијан одблиску покажа како изгледа воспалението на нејзината нога, предизвикано од псоријазата.

Ким Кардашијан им покажа на обожавателите како изгледа нејзината борба со псоријазата.

Таа со години наназад искрено зборува за нејзините проблеми со кожата, а на Инстаграм Стори објави неколку видеа на кои покажа како изгледа последниот осип на нејзината нога.

„Нема да ве лажам, ова е болно. Не сум сигурна што ги предизвикува. Не сум променила ништо во исхраната. Се обидов со сѐ! Псоријазата е ужасна“ – напиша таа на едно од видеата.

Ким рече дека ги објавува видеата затоа што сака да ја сподели нејзината борба со фановите.

„Погледнете колку е ужасна мојата псоријаза во моментов. Како да се протега по целата нога и не знам зошто ми се случува, но морам да најдам начин да се справам… Ова е лудо“ – вели таа во едно од видеата.

Инаку, класичната терапија за псоријаза вклучува кремови со кортикостероиди за да се намали воспалението, а кај оние што се во понапредна фаза се препишуваат и фототерапија, лекови за поткревање на имунитетот и хомеопатски лекови.

Пред две недели Ким беше на мета на критики затоа што промовира користење солариум. Но, таа појасни дека оди во солариум затоа што ѝ помага со псоријазата.

Сепак, според експертите, користењето солариум не помага во третманот на псоријазата.

За појаснување, псоријазата е хронично заболување во кое имуниот систем почнува да работи бурно, па предизвикува клетките на кожата да се размножуваат многу брзо.

Заради ова, деловите од кожата стануваат распукани и воспалени, а најчесто се појавува на скалпот, лактовите или колената, но и други делови од телото може да бидат погодени.