Пејачот Бобан Рајовиќ (51) е на јавната сцена повеќе од две децении, а откако се појави на сцената е без коса. Фолкерот на социјалните мрежи покажа како изгледал пред 30 години, и колку е голема промената.

Фотографијата со ќерките на Инстаграм ја објави Рајовиќ. На неа можете да го видите пејачот кој тогаш имаше само 24 години со ќерките Ивана и Анѓела во прегратка.

Инаку, Бобан неодамна во јавноста одговори на прашање дали ќе оди на трансплантација на коса.

– Никогаш не би пресадил коса, мислам дека добро ми изгледа ќелавата глава и затоа сум препознатлив за публиката, значи не – истакна тогаш тој.