Како што пишува порталот “Свет Аустралија”, Анета Мицевска после дваест и две годишна брачна заедница со познатиот музичар Џими Мицевски, спогодбено се разведува.

Според изворите на “Свет Аустралија” и нашата колешка Билјана Крнческа, оваа информација не е шпекулација или измислен трач, туку е 100 проценти проверена и потврдена од засега анонимниот извор. Додека Анета и Џими се уште одлично професионално функционираат и соработуваат, приватниот живот пак е сведен на минимум.

Тоа го покажува и неодамнешното менување на името на Фејсбук групата кое до пред извесен период го носеше името на групата “Молика”, а од скоро админот на истата ја има променето со име на пејачката Анета Мицевска, со постирање на одбрани песни чии автор не е сопругот Џими или близок до групата “Молика”.

Да потсетиме дека Анета и Џими беа две децении во брак и од истот имаат возрасна ќерка Моника, која сега студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, а тој пак, од претходниот брак има син кој е исто така музичар.