Човек чиe идентификување е во тек, го загуби животот денеска околу 14 часот на плажата Перазича во Црна Гора, која е под закуп на црногорскиот бизнисмен Веселин Веско Баровиќ.

Огромни бранови го одземаа животот на храбар човек кој мислеше дека е посилен од природата, кој и покрај истакнатите црвени знамиња пливаше во морето.

– Бранот го удри во карпата, а потоа го фрли неговото тело на брегот. Луѓето од плажата го извлекоа, но немаше спас. Брзата помош пристигна брзо, но можеше само да ја констатира смртта, вели очевидец за српска Република.

Според гласините, удавениот е германски државјанин и тој бил во друштво на пријатели на оваа плажа.

По брзата помош, пристигнала полиција за да изврши увид и да го идентификува мртвиот маж.

Милош Баровиќ, синот на Веселин, наскоро дојде по повикот од менаџерот на ресторанот.