Сопругата на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља пред извесно време била испрашувана од судските органи во својство на граѓанин, јавуваат српските медиуми.
Бојана Беливук заминала во Грција со двете мали деца во седмиот месец од бременоста, каде изнајмила куќа. Како што се претпоставуваше, нејзините пријатели тврдат дека таа нема да се врати, а Бојана наводно не знаела што прави нејзиниот сопруг.
Пред извесно време, снимка од разговор помеѓу Беливук и Бојана и поранешниот полицаец Драган Секулиќ беше емитувана во емисијата Хит ТВ на Пинк Телевизија.
На снимката се слушаше како се фалат со лажни пасоши и документи. Бојана го спомена патувањето во Грција и се присети како нејзиниот сопруг патувал со пасош кој гласел на име Бранко, а се претставил со неговото вистинско име.
Таа пред извесно време беше испрашувана како граѓанин. Полицијата ја затекнала Бојана во станот во кој живееле со двете малолетни деца, пренесува Информер.
– Сопругата има законско право да не сведочи. Наводно, кога полицијата провалила во нивниот стан, каде што биле пронајдени околу 30.000 евра, Бојана му викала на својот сопруг, обраќајќи му се со зборовите „види што ни направи“, изјавил тогаш за медиумите извор информиран за истрагата.