Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Стаев додаде дека македонскиот автобус синоќа во 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево“ на границата со Турција.
Тој патувал преку автопатот „Тракија“, а потоа преку автопатот „Струма“ до границата со Северна Македонија во правец на граничниот премин Ѓуешево, од каде морал да ја напушти Бугарија. Според Стаев, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот во автобусот.