Лео Меси во неделата се збогува од Барселона откако „каталонците“ во петокот соопштија дека Аргентинецот нема да продолжи поради правилата на Ла Лига за финансиски фер-плеј.

Изминативе денови силно се шпекулираше дека Лео Меси ќе се пресели во ПСЖ, се чини дека само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда, но неколку извори пишуваат за можен пресврт.

Раководството на Барселона во 2 часот наутро му се јавило на Лео Меси за да му понуди нов договор.

Генералниот извршен директор, Феран Ревертер е човекот кој ги предводи напорите да се направи чудо и Аргентинецот да остане на Камп Ноу.

Останува да се види дали има вистина во ваквите стории и дали е можно да се случи пресврт во целата ситуација.