Аргентинецот Лионел Меси постигна договор за преселба во францускиот ПСЖ, објави францускиот спортски весник Л’Екип на својата веб -страница во вторникот, додавајќи дека неговото доаѓање во Париз се очекува во следните неколку часа.

И познатиот спортски новинар Фабрицио Романо потврди дека Меси во вторник попладне доаѓа во Париз за да го финализира трансферот.

Според Метро, ​​Аргентинецот ќе го носи бројот 30 во ПСЖ. Л’Екип наведува дека Меси и ПСЖ постигнале договор и дека напаѓачот ќе потпише двегодишен договор со опција за уште една.

Во дресот на Париз, Меси треба да заработува околу 40 милиони евра годишно, што е неверојатни 769.000 евра неделно.