Голема трагедија го потресе пловдивското село Крастевич, откако 15 годишното девојче Недка Дадаркова починало во својот дом во саботата додека била во бањата, јавува бугарскиот медиуми 24 Часа.
Според мештаните, трагедијата е неопислива, девојчето било одличен и ученик за пример. Таа посетувала настава во соседното село Красново.
-Шокирани сме, треперам додека зборувам, изјави директорката на училиштето Јонка Марковска. Таа објаснува дека деветтооделенката Недка во петокот била на училиште.
-Беше во многу добро расположение, се чувствуваше одлично, ништо не навестуваше дека може да се случи ваква трагедија, објаснува Марковска.
Денеска часот започнал со едноминутно молчење на кое соучениците му изразиле почит на несреќното девојче.
-Родителите се обични луѓе, нејзината баба е чистачка во училиштето, мајка и работи во винарија, додека нејзиниот татко е градежен работник, раскажува градоначалникот на Крастевич Тодор Стоев, кој не можеше да ги запре солзите.
Според зборовите на жителите, бабата на Недка била примена во болница откако и се слошило по трагедијата, бидејќи не можела да ја изфржи големата болка.
Откако девојчето се онесвестило, родителите веднаш повикале Итна Помош, но за жал медицинските лица можеле само да констатираат смрт. Полицијата го разгледува случајот, а надлежните институции треба да ја утврдат причината за ненадејната смрт на младото девојче.
На нејзиното тело нема траги од насилство. Претпоставките се дека 15 годишната Недка починала како последица од срцев удар. Девојчето отишло да се капе во бањата, каде и почионало.
– Во семејството имало две сестри, но бидејќи едната тргнала на училиште на 6-годишна возраст, тие биле во ист клас, иако имаат една година разлика, објаснува професорката по англиски јазик Вања Василева.
– Може да се кажат само добри работи за Недка и нејзината помала сестра Пенка, велат наставниците во Красново.
Соучениците на Недка веќе почнале собирање пари за погребот, а ќе помогне и градското собрание.