Три месеци по исчезнувањето и по речиси 24 часа откако медиумите објавија, 39 годишниот Александар Черговски стапил во контакт со семејството.

Во краток разговор ги информирал дека е здрав и жив, без да им каже каде се наоѓа, ниту каде бил изминатиов период во кој по него трагаше и Интерпол.

Веста за воспоставениот контакт со Черговски ја соопшти неговиот внук Кирил Черговски кој им се заблагодари на сите кои масовно ги споделуваа објавите за исчезнатиот Александар.

„Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш“, се вели во објавата на внукот Кирил Черговски.

Семејсвото им се заблагодари на сите што помогнаа за да стапат во контакт со Александар.

Дополнителни информации за овој случај се најавени во текот на утрешниот ден.