Рано утрово избувнал пожар во фабриката за стиропор „Аустротерм“ во населбата Турија кај градот Бихаќ во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми.
Голем пожар ја зафатил фабриката, а црн чад може да се види на километри.
– Заминаа противпожарната единица на градот Бихаќ и полициската патрола. Не знаеме што се случува, прво мора да се санира пожарот – изјави за порталот „Аваз“ Аднан Бегановиќ, портпарол на МВР на Унско-санскиот кантон.
Засега нема информации за повредени.
Инаку, оваа австриска компанија, која вработува стотици работници, во 2008 година ја пушти во употреба фабриката на Бихаќ. Основна дејност на компанијата е производство на топлинска изолација.
📸
📸
📸