Хрватска – Во стан во Иванец денеска се пронајдени две починати лица, маж и жена, информираат од СВР Вараждин. Полицијата ја добила пријавата околу 13 часот и 40 минути.

Порталот еВараждин неофицијално дознава дека постои сомнение за убиство и самоубиство во стан лоциран во една од зградите во центарот на Иванец. Наводно се работи за лица на возраст од 30 години, и двајцата биле полицајци.

Неофицијално медиумите во Хрватска пишуваат дека постои сомнение дека мажот прво ја убил својата партнерка, а потоа и себеси. Истрагате е во тек, по што ќе се знаат повеќе информации.

Пред насобраните новинари на местото на настанот кратко им се обрати началникот на полициската управа Вараждин, Предраг Бенчиќ.

„Ова е навистина трагичен настан, двајца полицајци ги загубија животите. Околностите се уште се утврдуваат, по истрагата ќе се знаат сите детали. Ова е настан кој не е запишан во историјата на СВР Вараждин и шокирани сме сите ние, сите колеги, затоа што ваков настан не се памети на просторот на нашата полициска управа“, изјави Предраг Бенчиќ.