Секоја невеста сака да изгледа најдобро на денот на нејзината венчавка. Се труди да избере соодветна шминка и фризура, но, секако, најголем дел од своето внимание, па дури и нерви, го посветува на изборот на венчаницата со која ќе ги маѓепса гостите.

Така, една невеста Лора од Велика Британија се појави во венчаница која не ги воодушеви присутните сватови. Тие беа речиси згрозени. И што беше проблемот?

Проблемот е што повеќе била гола отколку облечена, а едноставно таквиот избор на фустан не доликува на интимен чин како што е венчавката, пишува „Дејли стар“.

Таа доби критики за нејзината проѕирна, тантела венчаница од дизајнерката Оксана Мука. Но, тоа не е се! И нејзините деверици изгледаа ужасно, бидејќи нивната долна облека се покажуваше под нивните проѕирни „фустани“. Видеото кое го објави дизајнерот на венчаницата стана многу популарно, а некои луѓе ги вознемири.

– Да беше ова мојата ќерка, ќе бев многу вознемирена и засрамена. Но, на крајот тоа е нејзината свадба – коментира една корисничка.

– Кој и да го дизајнирал, ова нема префинетост. Кога одам на свадба, не сакам да зјапам во женска долна облека – беше исто така еден од коментарите.

– Не знам што е полошо, девериците или невестата. Фустаните на деверушите се многу чудни, но фустанот на невестата е убав, само да беше од повеќе материјал – некој застана и на страната на невестата.

Секој има право на свој стил и мислење, но храбар фустан како овој навистина не е погоден за свадба, дури и ако е на плажа.

View this post on Instagram

A post shared by OKSANA MUKHA® Official Page (@oksana_mukha_official)