Украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук избега од домашен притвор, изјави денеска советникот во Министерството за внатрешни работи Антон Герашченко.

Неговата адвокатка Лариса Чередниченко потврди дека Медведчук го напуштил својот дом во Киев, но рече дека политичарот останува во градот.

– Денеска медиумите објавија дека Виктор Медведчук ја напуштил адресата каде што издржувал куќен притвор. Оваа информација не е новост за одбраната, бидејќи во четвртокот шефот на личното обезбедување на политичаротпредупредил за заканите што ги има. Одбраната има материјали за реална закана по животот и здравјето на Виктор Медведчук, кои ќе бидат доставени до судот и истрагата во согласност со важечкиот закон“, рече Чередниченко.

Според неа, „во врска со реалната опасност по животот, како и потребата да се обезбеди негова заштита, Виктор Медведчук бил евакуиран на безбедно место во Киев, каде што продолжува да ги исполнува процедуралните должности што му биле доделени од судот.”