Иако протоколот на УЕФА за Европското првенство предвидува најстрог „меур“ за фудбалските селекции, како дел од заштитата од коронавирусот, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев после поразот од Украина истиот го прекршија.

Македонија вчера загуби од Украина со 1-2, а после вечерашниот пораз на Австрија од Холандија и дефинитивно целта за да се помине групата е неостварлива, па Ангеловски и Пандев излегле на вечера со своите сопруги, кои дојдоа во романската престолнина заедно со семејствата на другите фудбалери, во еден луксузен ресторан во романската престолнина и романските папараци ги фатија на дело.

Сега останува да се види дали двајцата ги чека казна зашто УЕФА предвидува најстрога изолација од сите, поради протоколите за заштита, па откако Македонија почна да се подготвува за континенталниот шампионат, беше забранет секаков пристап за надворешни лица, па и за новинари, иако дел од навивачите уште во Скопје успеваа да се сликаат со фудбалерите.