Во новата епизода на „Нешто конкретно“, зборувавме за очекувањата – што животот ни должи, што луѓето мислат дека треба да бидеме, и како ние сами го рушиме сето тоа.
Елена Ристеска беше таа што ја отвори темата најискрено. Го допре разводот – нешто што сите ги интересираше.
„Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов“, рече директно, без задршка. И додаде – ако денес фати помлад дечко, уште ќе ѝ залепат етикета: „Види ја бабава!“ Но вистината е поинаква – љубовта нема возраст, а животот не се живее според туѓи табели.
На сцената пак е уште посилна: „Сите очекуваа да мавтам со пензијата, а јас се појавив на Макфест и покажав дека не сум за во пензија.“ Без комплекси, без потреба да се правда. И кога зборуваше за љубовта, низ смеа рече: „Порано гледав да е фраер. Сега барам нешто друго.“
Од друг агол на очекувањата, шминкерот Даниел Николовски, кој покажа дека професионалноста е светиња: „Ако имам закажана невеста за шминкање, која ѕвезда нека биде – не ја откажувам.“
Антонија Гиговска пак во свој стил на правење промени и предизвикување реакции изјави: „Немам проблем да се сликам топлес!“ – рече без двоумење.
А Даниел шеговито ѝ го залепи прекарот „Антонија прслуче Гиговска“.
И Ване Марковски покажа како очекувањата од јавноста знаат да станат сурови: „Ми посакаа смрт затоа што застанав во заштита на куче“, сподели искрено.
Во оваа епизода видовме дека животот е полн со очекувања што другите ги имаат за нас. Но убавината е кога ќе избереш да бидеш свој и ќе бидеш „нешто конкретно“.