Како што дознава „Блиц“, пејачот Дарко Лазиќ го оперирал вишокот кожа на стомакот кој останал откако ослабел 109 килограми. Неговата партнерка тврди дека пејачот се чувствува добро по хируршката интервенција и дека сега одмара.
„Дарко е опериран, интервенцијата помина добро и се чувствува добро. Сега ќе има одмор и опоравување три недели, колку што трае паузата со настапите. По паузата продолжува да настапува и снима песни и спотови за новиот албум кој наскоро ќе излезе и сигурена сум дека неговите напори ќе се исплатат и дека луѓето кои сакаат да го слушаат ќе бидат воодушевени од новиот албум и од секоја песна што ќе се најде на истиот“, рече Катарина за „Блиц“.
Потсетуваме, пејачот пред неколку месеци имаше операција на желудникот, по што ослабе 109 килограми, а сега одлучи да го затегне вишокот кожа на телото за да го доведе своето тело до совршенство.
„Изгубив многу килограми и затоа кожата навистина ми виси. Морам што поскоро да одам на операција за затегнување, наскоро ќе решам се“, изјави неодамна пејачот.