На 31.12.2021 во 07.43 часот во Полициското одделение Новаци, Ј.М. пријавила дека во с.Добрушево, битолско, во текот на ноќта во помошна просторија настанал пожар во кој починал нејзиниот дедо А.М.(94).
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.