На 01.01.2022 во 04.00 часот во СВР Скопје И.Т.(18) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во угостителски објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2022 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 00.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.