Милан, дедото на убиената Данка Илиќ (2) и татко на Милош Илиќ, си го отвори срцето во Бор и потврди дека семејството ќе даде официјална изјава кога истрагата ќе заврши.
Тој со очи полни солзи открил дека во него се уште има искра дека Данка е жива, бидејќи се уште нема трага од телото на неговата двегодишна внука.
– Иако се уште сум во шок, сепак има искра во мене, бидејќи нема ниедна трага – вели Милан. Дедото на Данка додава дека се во контакт со полицијата и ги добиваат сите информации кои се важни за истрагата.
– Можеме да се јавиме во секое време од денот и да прашаме сè што нè интересира – истакна тој.
Сепак, не му е лесно на овој човек чие семејство доживеа голема трагедија. Сè уште наидуваат на разни коментари на улица кои се крајно непријатни за сите нив.
– Сите овде ме знаат и ме паметат по ракометот. Сакам да ја тргнам дамката од семејството, особено од овие деца, но за тоа ќе зборуваме подоцна – наведува тој.
Додека семејството Илиќ нервозно и нетрпеливо чека каква било информација за телото на малата Данка, вниманието на медиумите последните денови е насочено кон селото Злот.
Беа огорчени за коментарите што ги слушнаа на телевизија од семејството на осомничениот Дејан.
На крајот откри и дека Милош и Ивана моментално не се во Бор, бидејќи мајката на Данка е на прегледи поради бременоста.
Потсетуваме, Данка Илиќ од Бор, девојче кое немаше ни две години, беше убиено на 26 март годинава во Бањско Поље, според информациите од српската полиција.
Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) се осомничени за злосторство против дете какво што регинот не памети.
Тие во полиција го признаа делото, но одбраната во Вишото јавно обвинителство Заечар ја изнесе само Дејан. На двајцата со одлука на судот им е одредена мерка притвор до 30 дена.
Телото на двегодишната Данка Илиќ се уште не е пронајдено.