Родените во понеделник се многу емотивни
Со понеделник владее Месечината, а според народните преданија во годината постојат само три понеделници кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Бидејќи Месечината е променлива, и луѓето родени во понеделник се такви, а најголемо влијание на нив имаат емоциите. Важно им е во животот да имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнерот од кои ја црпат својата сила.
Во вторник се раѓаат темпераментни и борбени
Вторник е под влијание на Марс, кој според римското верување е бог на војната. Затоа луѓето родени во вторник имаат голема сила, борбен дух и упорност за да ги остварат своите цели. Сепак под влијание на Марс тие се немирни и склони на нервоза.
Во среда се раѓаат интелигентни и експресивни
Средата се поврзува со Меркур кој бил римски бог за патување и гласник на боговите. Според тоа, луѓето родени на овој ден ги краси интелигенција, елоквенција и големо влијание на другите луѓе. Сепак наследиле и одреден немир и љубопитност поради што имаат потреба од постојани предизвици за да функционираат.
Четврток е ден на оптимистите и независните
Со Четврток владее Јупитер кој во митологијата е бог на громовите и дождот. Тој е симбол за експанзија, оптимизам и добар хумор кој ги краси луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изрзена потреба за слобода и независност па ретко можете да ги задржите долго на едно место.
Во Петок се раѓаат уметнички души
Петок е ден на Венера, симбол на убавина, љубов и благосостојба. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензибилни и уметнички типови. На некој начин живеат во свој свет, а склони се на идеалистички поглед кон светот и романтични фантазии. Ја сакаат и ценат убавината па се трудат со убавина да го исполнат својот живот.
Сабота е ден за разумните и практичните
Сабота е ден на планетата Сатурн кој во римската митологија е бог на жетвата и син на мајката Земја. Луѓето родени на овој ден добиваат од Сатурн практичен ум, рационалност и зрелост. Тие и на млади години се многу позрели од своите врсници и сакаат се во животот да им биде испланирано. Тешко поднесуваат промени. Од останатите бараат максимална посветоност, односно бараат исто колку што даваат.
Во Недела се раѓаат среќници
Овој ден е под влијание на Сонцето, а според древните начела се смета дека ова е првиот ден во седмицата. Според верувањето недела е среќен ден за раѓање на дете. Сончевите деца се харизматични, ведри и оптимисти. Тие не се покоруваат на нормите и се раководат од сопствени принципи. Никогаш нема да дозволат да бидат дел од стадото и некој друг да ги води. И покрај тоа се стабилни и најчесто ги прати среќа во животот.