СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Детали за крвавиот пир вечерва во Хрватска: Познат идентитетот на загинатиот, на напаѓачот „му се стемнило пред очи“

Опсадна состојба вечерва изби на Лемиќ Брдо кај Карловац. Одекнаа истрели, а на теренот пристигнаа и членовите на антитерористичката единица Лучко. Насилникот во вооружен поход со автоматска пушка на Лемиќ Брдо убил постар маж.

Нешто пред 18 часот и 30 минути полицијата добила дојава за пукање, а откако на терен пристигнале припадниците на АТЕ Лучко, тој бил приведен во 20 часот и 25 минути. Од полициската управа на Карловац наведуваат дека на терен нема опасност за граѓаните и жителите на наведената населба.

Убиен во својот двор

Како што Хина неофицијално дознава од мештанин, во неговиот двор бил убиен С.Л., на возраст од околу 65 години, а го убил локалецот познат под името Пара, за кој се вели дека веќе бил осуден на затворска казна.

Според Радио Мрежница, сторител на ова дело е И.П., а убиениот е исто така од населбата Лемиќ Брдо. Наводно, сторителот на делото и жртвата се во роднинска врска.

Убиецот е постар човек, поранешен ловџија и пензионер, а мештаните за Радио Мрежница велат дека очигледно му „се стемнило“ пред очи. Очевидци од Лемиќ Брдо и мештани велат дека мажот бил тотално расеан, одел по местото и пукал.