Дете од Сплит се отруло од „Чоколино“ кога изело оброк подготвен од добро познатиот производ на Подравка на кој рокот му бил истечен пред три месеци, јавуваат хрватските медиуми.

Спорната кутија на популарното „Чоколино“ во пакување од 200 грама е купена пред десетина дена во продавница на истокот на Сплит. Купувачот, исто како и многумина од нас, верувајќи му на продавачот, направил нешто кое што често го правиме кога купуваме набрзина, посегнувајќи по некои од производите од првиот ред на полиците, без да го провериме рокот на траење на производот.

Детето првпат го конзумирало неколку дена по купувањето, по што му се слошило – следело незапирливо повраќање, поради што завршило во Итна помош.

Епилогот е дијагноза „труење со храна“, а благодарение на истрагата на упорен член на семејството, откриено е дека спорната кутија Чоколино се нуди на полиците на продавниците со други пакување. Рокот на траење бил до 15 март 2024 година (важел од 16 март 2023 година), а производот бил купен на почетокот на јуни.

Санитарната инспекција брзо реагирала на пријавата. Нејзините вработени излегле на терен, направиле записник и како доказ од продавницата со себе понеле неколку кутии стари Чоколина, на кои рокот им истекол пред речиси три месеци.

Се огласи продавницата каде што е купен производот со поминат рок

– Исклучително ни е жал за ситуацијата што се случи. Во системот се внесуваат роковите на производите кои ги ставаме на полиците, а одговорното лице во продавниците согласно процедурата ги проверува роковите. Без исклучок ги отстрануваме од продажба сите производи со истечен рок – одговорија од службата за корпоративни комуникации.

– За жал, поради човечка грешка, во исклучителни ситуации може да се случи производите навреме да не се повлечат од полиците. Во случај купувачот да наиде на производ со истечен рок, секогаш може да го врати и со извинување ќе му дадеме исправен по половина цена – велат оттаму.