Припадници на српското МВР во Суботица расветлија тешко убиство и го приведоа Ј.М.(37) од Суботица поради постоење основи на сомнение дека го сторил ова кривично дело.

Се сомнева дека пред три години по вербален конфликт со лопата го убил својот татко.

По наредба на Вишиот суд во Суботица, полицијата извршила претрес во куќата и во други простории на Ј.М., каде во помошната просторија било пронајдено тело за кое постои сомневање дека е на неговиот татко.

На Ј.М му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Суботица.