Девојка (13) е тешко повредена откако паднала од седми кат во зграда во Букурешт. Неофицијално, девојката се обидела да се самоубие по расправија со нејзината мајка, јавуваат локалните медиуми.

Целиот хаос што следеше по падот беше снимен од надзорните камери. Таа била интубиирана на лице место и во тешка состојба е пренесена во болница.

Соседите велат дека по расправија со мајка си скокнала од седми кат. Наводно, пред скокот оставила проштално писмо на мајка си во кое напишала: „Заслужуваш подобра ќерка“.

Инцидентот е снимен од надзорните камери. На видеото се гледа како соседите и приоѓаат на девојката по падот, како и моментот кога спасувачките екипи ја носат во болница.

Полицијата изврши увид на лице место, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на истрагата.