Неискажлива трагедија во општината Ливадија во Грција, каде на Велики петок (3/5), 15-годишно девојче беше пронајдено мртво во бањата од нејзиниот дом. Нејзините родители веднаш повикале брза помош, но за несреќното девојче веќе било доцна.

Според LamiaReport, 15-годишната девојка дошла од Германија во Грција со своето семејство за да ги помине празниците во нивниот родителски дом, но судбината им подготвила трагедија.

Полицијата исклучила криминална активност и се’ укажува дека 15-годишното девојче починало од патолошки причини.

Сепак, наредена е обдукција за да се расветли трагичниот настан.