Една девојка на својот TikTok сподели фотографија од плажа за која мислеше дека изгледа убаво на неа, но потоа забележа дека нешто сосема друго излезе во прв план.

Девојката се згрозила откако забележала „груб“ детал на нејзината фотографија во бикини. Со желба да добие прекрасна фотографија за Инстаграм, Меди Марота позираше во жолт дводелен костим за капење на плажа. Но, женската рака во позадина направи сликите да изгледаат како да има машки полов орган меѓу нејзините нозе.

Меди ја сподели сликата на TikTok и многу брзо собра повеќе од четири милиони прегледи.

– Се обидов да направам добра слика на плажа и раката на оваа дама изгледа како да имам п * нис. Уживајте, рече Меди.

Од објавувањето, видеото доби над милион лајкови и скоро 20.000 коментари од луѓе кои добро се насмеаја. Меди, исто така, беше презадоволна од пораките од луѓето кои понудија да ја фотошопираат женската рака и да ја отстранат од фотографијата.

Во следното видео, Меди рече дека всушност ја објавила оригиналната слика на Инстаграм за да види дали некој ќе забележи. Меѓутоа, во рок од пет секунди, таа добила порака од пријател за грубиот детал, па одлучила да ја избриши.