Новата сезона на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ наскоро ќе започне со снимање, а темата број еден е колку пари членовите на жирито ќе соберат од хонорарите оваа сезона.

Составот останува ист и него го сочинуваат: Ѓорѓе Давид, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ- Босанац, Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, Александар Милиќ Мили и Јелена Карлеуша. Иако нивната заработка се чува како строго тајна, овој седумчлен тим не седи бесплатно во Гранд.

– Според нашите информации, рокерот Ѓорѓе Давид ја зголемил цената за 1.000 евра, па сега ќе заработува 3.000 евра од емисија. Останатите членови исто така успеале да добијат повисоки хонорари. Па така, Босанац се согласил за 500 евра повеќе, па наместо 1.500 сега ќе добива има 2.000 евра по емисија.

Се чини дека Вики и Бекута се договарале заедно, па од 2.000, сега ќе добијат покаќување за 500 вра и ќе добиваат по 2.500 евра.

Хонорарот на Шерифович скокнал за дури 1.000 евра, па сега Марија ќе зема 4.500, наместо досегашните 3.500 евра, додека нејзината колешка Јелена Карлеуша се изборила за хоорар од 6.000 евра по емисија, наместо досегашните 5.000.

Имајќи предвид дека има 40 емисии на „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната, познато е дека Карлеуша ќе заработи околу 240.000 евра годишно само од оваа сезона! Таа пресметка покажува дека Јелена најдобро го наплатила своето „судење“ во натпреварот. Потоа следуваат Марија Шерифовиќ со 180.000, Давид со 120.000, па Бекута и Вики со 100.000, а најмалку ќе заработи Босанац, односно 80.000 евра..

Натпреварот често ги менуваше членовите на жирито, а во медиумите имаше и шпекулации за нивните плати. Бројките се менуваат во текот на сезоните, и како што се испостави, сегашниот тим од седум члена има највисоки надоместоци, без оглед на фактот дека се уште има пандемија на корона вирусот.

До пред неколку години, Гранд продукција на членовите на жирито им ги покриваше „само трошоците за снимање“, а потоа почна да се доделуваат хонорар за секој поединец. Тука не се вклучени Александар Милиќ- Мили како директор на продукција и Снежана Ѓуришиќ, која е вработена во Гранд како музичка уредничка. И таа има месечни примања од околу 3.000 евра.

До неодамна, Саша Поповиќ ги одредуваше хонорарите додека беше на чело на „Гранд“. Тој и поранешната сопственичка Лепа Брена ја продадоа продукцијата „Гранд“, за неверојатни 30 милиони евра. Сепак, иако ја продаде продукцијата, Саша не ја напушти својата работа, туку остана да биде главен во „Ѕвездите на Гранд“. Тој се уште е прв човек на овој натпревар како креативен директор, за што зема месечна плата од 25.000 евра.

Српските медиуми испратиле порака до прес- службата на Гранд продукција со конкретно прашање дали сакаат да ги коментираат платите на членовите на жирито оваа сезона, но од таму не одговорилена ова прашање.