Најзгодниот турски актер Џан Јаман го гледаме во уште една романтична приказна и тоа повторно на телевизија Сител, сабота и недела навечер веднаш по централните вести на Сител.
Романтичарот се врати на малите екрани. Господинот што ве освои на полна месечина за да го слушнете срцето и ова лето ве дружи во престојните жешки ноќи.
По улогите во популарните турски комедии, актерот се пресели во Италија каде веќе интензивно работи за рекламни агенции и продукциски филмски куќи.
Новинарката Бирсен Алтунташ која важи за предвесник и информатор за сите вести за турските актери, излезе со соопштение дека Јаман под итно се вратил во Турција. Причина за неговото враќање е веста која ја добил од својата мајка, а тоа е дека починала неговата сакана мачка.
Тарик од „Романтичното маало“ бил особено приврзан за мачката, исто како и неговата мајка, па и на двајцата им паднала многу тешко оваа загуба.