Џаро направи роденденска забава со најблиските.

„Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари“.

Ова е цитат, дел од книгата посветена на Велибор Џаровски – Џаро, која ја напиша неговата ќерка Милица Џаровска.

Еден од најдобрите и најпознатите менаџери во Југославија имаше можност да соработува со најголемите музички имиња – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевич, Бјело Дугме и многу други.

Секогаш отворено и искрено зборувал за својот турбулентен начин на живот и местенките кои ги направил во фудбалските натпревари.

Тој е вистински пример како човек може да се издигне од секоја лоша ситуација како Феникс, а него тоа му успевало многу пати.

Џаро го прослави својот 75 роденден, а неговата ќерка сподели фотографии од неговата роденденска забава во една од скопските кафеани.

Опкружен со најблиските и најсаканте Џаро уживаше во овој посебен ден за него.