Прашан од членовите на избирачкиот одбор дали ќе гласа за парламентарните избори и за вториот круг од претседателските избори, јасно се слуша, а потоа и се гледа, дека Груби го бара и го зема само гласачкото ливче за изборите за пратеници

Вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил се вклучи во живо во моментот на пристигнување на избирачкото место во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ во скопски Чаир.

Следејќи го неговиот влез во објектот и во просторијата за гласање, по проверката на податоци, прашан од членовите на избирачкиот одбор дали ќе гласа за парламентарните избори и за вториот круг од претседателските избори, јасно се слуша, а потоа и се гледа, дека тој го бара и го зема само гласачкото ливче за изборите за пратеници.