Како гром од ведро небо викендов на домашните портали проструи веста дека музичката брачна двојка Анета и Џими Мицевски од групата „Молика“, се разведуваат по две децении брачна заедница. Додека останатите се потпреа на непроверени информации, редакцијата на Вистина.ком.мк дојде до вистината од прва рака.

Имено, во телефонски разговор со Џими добивме потврда на ваквите написи со појаснување од музичарот дека не станува збор за празни муабети, но не многу сака да коментира за детали, освен суштината.

-Вистина е. „Молика“ ќе продолжи бидејќи имаме договорени настапи до следната година во август. Не сме ни први, ни последни. Разводот е во постапка, а за останатото и причините не мора да се коментира. „Молика“ ќе продолжи да си работи, а Анета ќе биде со групата, тоа е нејзин избор, завршува Мицевски во изјавата за Вистина.ком.мк.

Во интерес на публиката, како и оние што ги ангажирале заено се до следната година, работата во однос на првиватните несогласувања нема да трпи.

Инаку, музичката двојка од бракот ја има ќерката Моника, која студира и живее во Германија. Анета му е втора сопруга на Џими, кој пак од претходниот брак има син кој исто така се занимава со музика.